Градоначалникот на Киев Виталиј Кличко преку социјалнат мрежа Телеграм објави дека во Киев ќе биде воведен полициски час, кој ќе трае од 22 до 7 часот изутрина.
-Пријатели! Киев од денеска воведува полициски час. Ќе трае од 22 до 7 часот наутро. Овој е неопходен чекор, бидејќи во услови на воена агресија и вонредна состојба, неопходна е безбедноста на жителите на престолнината, објави Кличко на Телеграм.
Јавниот превоз нема да функционира за време на полицискиот час. Истовремено, метро станиците деноноќно ќе бидат достапни како скривалишта.
Доколку морате да се движите за време на полицискиот час, посебно вработените во компаниите за критична инфраструктура, морат да поседуват документи за идентификација, појаснува Кличко.