Децата во Кахраманмараш ги Добија Играчките од Навивачите на Бешикташ

Децата од Кахраманмараш кои го пребродија тешкиот земјотрес, ги добија играчите кои навивачите на Бешикташ ги собраа на стадион.

Камионот со играчки собрани од кампањата на фудбалскиот клуб „Оваа играчка е за тебе пријателе“ пристигна во градот кој беше епицентар на земјотресот со магнитуда од дури 7.8 и времетраење од страшни 80 секунди.

Играчките беа поделени на децата сместени во шаторски камп што го поставила Фудбалската академија на Бешикташ во спортски комплекс во областа Оникишубат.

 

Да се потсетиме:

Навивачите на Бешикташ, на 26 февруари во текот на неделниот натпревар против Анталијаспор на стадионот „Водафон парк“ фрлија на теренот илјадници играчки во знак на солидарност со децата погодени од разорните земјотреси во Турција.

Натпреварот беше прекинат на 4 минути и 17 секунди по стартот во спомен на земјотресот кој се случи во 4.17 часот по локално време.