Поранешен австралиски воспитувач (45) е обвинет дека сексуално злоставувал 91 дете, го снимал злоставувањето и потоа ја споделил снимката на интернет.
Полицијата вели дека плен на мажот биле млади девојчиња над 15 години во десетина центри во Австралија и во странство. Тој беше уапсен во август 2022 година, но на полицијата и требаше една година да ги истражи и идентификува жртвите, пишува Би-би-си.
Злоупотребата, се случила во 10 центри за згрижување деца во Квинсленд и еден во Нов Јужен Велс. Зборувајќи за медиумите, австралискиот федерален полициски комесар Џастин Гоф рече дека случајот е длабоко вознемирувачки за заедницата.
Властите во Австралија велат дека тоа е еден од најужасните случаи што некогаш ги виделе. Поранешниот воспитувач се соочува со 246 точки од обвинението за силување и 673 точки од обвинението за сексуална злоупотреба на деца.
Поради пријавата против него, 45-годишникот би можел да добие максимална казна, а тоа е доживотен затвор.
Човекот се соочува и со стотици обвиненија за снимање и дистрибуција на материјал за злоупотреба на деца. Полицијата тврди дека тој го снимил целото негово злоставување, а на неговите електронски уреди пронашле 4.000 фотографии и видеа.
Идентификувани се 87 деца од Австралија кои биле малтретирани и контактирано е со нивните семејства. Австралиските власти сега работат со меѓународни колеги за да контактираат со другите четири жртви.
Инспекторите велат дека го уапсиле мажот откако успеале да ја идентификуваат позадината што се појавува на видеата за злоупотреба. Станува збор за еден од центрите за згрижување деца каде што работел како воспитувач.
На 20 август 2022 година, австралиската федерална полиција изврши рација во домот на 45-годишникот во градот Голд Коуст и заплени електронски уреди што содржеле материјал за злоупотреба на деца што тој го снимил.
Тој беше пријавен во полицијата во Квинсленд двапати претходно, во 2021 и 2022 година, но истражителите не најдоа доволно докази за да дејствуваат, соопшти полицијата.
Човекот треба да се појави пред Судот во Бризбејн на 21 август.