Руски патнички авион, што утрово полета од летувалиштето Шарм ел Шејк за Санкт Петербург, се урнал во централниот дел на Синај, потврди канцеларијата на египетскиот премиер, пренесуваат светските медиуми.
Формиран е кризен штаб кој треба да ги утври причините за несреќата..
Шефот на Управата за воздухопловни несреќи во Египет, Ајман ал Мукадам, претходно соопшти дека авионот исчезнал од радарите и оти нема контакт со контролата на летање.
-На руската авиокомпанија им кажавме дека изгубивме контакт со авионот, но тој сигурно контактирал со турската контрола на летот и оти сега поминува низ турскиот воздушен простор, истакна Мукадам.
Руските воздухопловни власти соопштија дека во авионот има 224 патници и членови на екипажот, а радарскиот контакт е изгубен во воздушниот простор на Кипар.
Авион е Ербас А-321 на руската воздухопловна компанија „Когалимавија“.