ПАРТИЈАТА НА ЕРДОГАН ГО ОСВОИ МНОЗИНСТВОТО ВО ТУРСКИОТ ПАРЛАМЕНТ

Исламската конзервативна Партија на правдата и развојот (АКП), чиј основач е турскиот претсeдател Реџеп Таип Ердоган, на вчерашните парламентарни избори освои апсолутно мнозинство во Големото народно собрание на Турција.
Во новИот состав на 550-члениот Парламент на Турција, АКП ќе има 315 пратеници, социјалдемократската Републиканска народна партија (ЦХП) 134, курдската Демократска партија на народите (ХДП) 59 и десничасрката Партија на националистичкото движење (МХП) 41 пратеник.
Kонечните официјални резултати од вчерашното гласање ќе бидат објавени по 11 до 12 дена.

download

По објавувањето на првичните резултати Ердоган изјави дека тие покажуваат дека народот избрал „да ја зачува климата на стабилноста и доверба“.
Според Ердоган, од овие избори најважната порака е испратена до сепаратистичката Курдска работничка партија (ПКК) дека „насилството, заканите и пролевањето крв не можат да опстојуваат заедно со демократијата и владеењето на правото“.
Турскиот премиер Ахмет Давутоглу, кој уште по објавувањето на првите резултати од изборите, прогласи победа на неговата АКП, доцна синоќа најави дека новата влада што ќе ја формира „ќе остане посветена на целите што партијата ги поставила во изминатите години“.

People wave flags outside the AK Party headquarters in Istanbul, Turkey November 1, 2015. Turkish Prime Minister Ahmet Davutoglu described the outcome of a general election which swept his AK Party back to a parliamentary majority on Sunday as a victory for democracy.  REUTERS/Osman Orsal