ГЕРМАНИЈА ЌЕ ГИ ЗАТВОРА ГРАНИЦИТЕ ЗА БАЛКАНОТ

Владата на Германија прави подготовки за затворање на границите за земјите од Балканот во претстојниов период, а ваквата дојава предизвика голема паника и страв кај бегалците , како и се поголем хаосс на границите бидејќи се зголеми и бројот на иллегалните преминувања на границите,- пишува Welt am Sonntag дневниот весник
Агенцијата на Европската унија за управување со границите – ФРОНТЕКС, уште пролетва (годинава) ја предупредила германската влада за можниот проблем со илегалното доаѓае на бегалците кон Европа. Предупредувања со слична содржина во Германија испраќала и германската амбасада во Приштина, укажувајќи на сé поголемиот број илегални имигранти од Косово.
Дојдено е до заклучок дека бегалците со сé побрзо темпо минуваат по таканаречената „балканска рута“, што тие земји би можело да ги натера да ги натера на синхронизирано затворање на своите граници.

REF

„Периодот на минување кој бегалците го минуваат во поединечните земји е сé покус и тоа земјите од балканската рута би можело да ги натера на затворање на границите“, стои во Welt am Sonntag заклучокот од споменатиот извештај.

Доколку земјите членки на Европската унија не помогнат, би можело да дојде до „драстично влошување на хуманитарната ситуација“, а последица од ваквата состојба би била „навалици на границите“, како и неконтролиран број илегални преминувања, – се предупредува во германскиот документ.

Во извештајот на германските безбедносни служби, исто така, се предвидува и зголемување на бранот бегалци од Сирија.

1445693662446