Општа Болница Охрид : Од ударот на гром на плажата “Оревче”, пет лица побараа помош

Од ударот на гром на плажата “Оревче”, пет лица побараа помош и истите се со мали мали изгореници – нема хоспитализирани лица

„Пациентите кои побараа помош се со мали изгореници и се жалат на зуење во ушите. Истите ги прегледаа и соодветно згрижија дежурните доктори при општа болница поточно хирург и доктор од уво нос и грло. Пациентите се добро. Ниту едно лице не е хоспитализирано“, вели директорот на ЈЗУ Општа Болница Охрид Др Горан Балевски.

Денес околу 15 часот Охридско – струшкиот регион го зафати силно невреме. Слично време ќе преовладува до вторник.

⚡️НЕКОЛКУ ПРЕПОРАКИ ЗА ЗАШТИТА ОД УДАР ОД ГРОМ ⛈ 

Стоењето покрај прозор за време на грмежи не е препорачливо, како и до метални столбови и штекери. Веројатно сте слушнале дека кога има невреме не треба да ви биде вклучен компјутерот, телевизорот и поголем дел од белата техника и тоа е точно, а посебно опасно е туширањето со вклучен бојлер. Кога има невреме заборавете на вашиот мобилен телефон, избегнувајте го и користењето на фиксниот телефон и не допирајте метални предмети.

Доколку невреме ве фати додека сте на отворено никогаш немојте засолниште да барате под дрво или метална конструкција, но немојте ниту да легнувате на земја. Најдобро би било да сте што подалеку од извор на вода, а би требало да бидете и што пониско па поради тоа се препорачува да клекнете и да ги опфатите вашите колена со раце наведнувајки се нанапред со што би имале и најмал допир до земја.

Заштита од гром во затворен простор

  1. Исклучете ја белата техника!
  2. Не туширајте се, не допирајте вода!
  3. Тргнете се од прозорците!

Заштита од гром на отворено

  1. Не засолнувајтесе под дрво!
  2. Бидете подалеку од каков било извор на вода!
  3. Клекнете и опфатете ги колената со двете раце.