Со поклонение пред моштите на Свети Климент Охридски во истоимениот манастир на Плаошник утрово продолжија чествувањата посветени на заштитникот на Охрид.
Делегација од општината положи свежо цвеќе на споменикот на светителот во училишниот двор на ООУ „Свети Климент Охридски“ по што делегации од локалната власт, од збратимени градови со Охрид како и останати претставници од политичкиот и јавниот живот во државава се поклонија и положија цвеќе пред момументалниот споменик на Свети Климент Охридски на градскиот плоштад.