Охрид, 12 декември 2024 година – Утре, со почеток во 17:00 часот, во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид, ќе се одржи Мултикултурен фестивал кој ќе го слави богатството на различностите преку храна, традиционални занаети, фолклор и обичаи на етничките заедници кои живеат во нашиот регион.
Фестивалот е организиран од Локалниот совет на млади и е осмислен како место на сплотување и взаемно разбирање. Посетителите ќе имаат можност да ја искусат уникатната културна разноликост преку дегустација на традиционални специјалитети, презентација на занаети, музика, танц и приказ на обичаи кои ја одразуваат душата на секоја заедница.
„Овој настан ја истакнува вредноста на различностите кои го збогатуваат нашето општество и претставува потсетник дека културата, храната и традициите нè обединуваат,“ истакнуваат организаторите од Локалниот совет на млади.
Ги покануваме сите граѓани, гости на градот и љубители на културата да ни се придружат во овој свечен момент на славење на мултикултурниот мозаик на Охрид.