Во Србија во текот на ноќта и утре се очекуваат обилни врнежи и на места невреме проследено со бура, а ндлежните служби се подготвени за реагирање во случај на излевање реки и појава на град.
Невремето вчера и денеска ја зафати Хрватска, а се очекува и во некои делови на БиХ.
Управата за справување со кризи на Србија соопшти дека се очекуваат меѓу 20 и 40 литри дожд по метар квадратен, а во некои места во Србија до 60 литри.
Поради тоа заменикот-началник на Управата Бојан Томиќ изјави за Танјуг дека е ставена во состојба на готовност градобијната заштита.
Силно невреме кое од вчера ја зафати Хрватска трае и денеска. Главниот град Загреб попладнево беше погоден од пороен дожд и силен ветер. Според локалните медиуми предизвикани се потешкотии во сообраќајот, голем паднати дрвја, поплавени улици.
Летовите од аеродромот Плесо доцнат бидејќи пистата е поплавена. Невремето ја зафати и северозападна Хрватска. Во Чаковец паѓаше мраз со големина на грашок. Претходно бурата го зафати главно северното приморје со островите, каде наместа имаше 50 литри дожд на метар квадратен.
Пороен дожд и невреме се очекува и во Далмација. За Ријечкото и Дубровничкото подрачје прогласен е црвен највисок степен на предупредување за екстремни временски прилики.
Портокалов метео аларм денеска е вклучен и во БиХ поради најавените поројни дождови и силни грмотевици за неколку региони – Бањалучкиот, Тузланскиот, Бихаќкиот, како и за регионот на Мостар и Требиње.