Почнала евакуацијата на жителите на село Јасеновик, поради можни компликации при отстранување на вагонот-цистерната со амонијак кое ќе се направи денеска.
Минатта недела се превртеле две од 14 цистерни кои превезувале течен амонијак. Несреќата се случила во село Јасеновик на пругата Ниш-Зајечар.
Одлуклата за евакуација на жителите и стоката ја донел Штабот за вонредни ситуации на Ниш. Сите мештани на Јасеновик се известени за мерките и сите задолжително мора да постапат во склад со наредбите.
Низ селото патролира полиција и проверува никој да не остане, бидејќи имало и такви кои не сакале да ги напуштат своите домови и да ја понесат стоката.