Трагедија: Заминале на одмор им загинала ќерката

Страшна трагедија се случила во петокот на плажата во Линколн, каде 9-годишно девојче, за жал, починало. Членови на службите за итни случаи пристигнале на местото на настанот, но не можеле да го спасат нејзиниот живот.
Изабел Грејс Франк била на патување со семејството и пријателите во крајбрежниот град  Линколн Сити. Заедно со пријателите се забавувавала копајќи дупка во песок, која одеднаш се урнала и ја затрупала – потврдиле очевидците.Тоа се случи околу 17:00 часот, целиот настан траел 5 до 10 минути.
На местото на настанот пристигнале членови на тимот за спасување, полицијата и пожарникарите, но кога тие конечно го извадиле девојчето, тоа не дишело и не било при свест.