Mомче кое има само 9 години направи еден необичен гест.

Mомче кое има само 9 години направи еден необичен гест.

Тоа ја делеше заштедата на своите родители со соседите.

Како што објави Феникс, со торба полна со пари, детето шеташе низ своето соседство во германскиот Бад Вилбел и ги делеше парите што ги зел од неговите родители.

Ѕвонело на вратата на своите соседи и им нудело банкноти од по 50 евра, без да им каже чии се парите, детето рекло дека ги нашло парите. Некои соседи ги зеле парите,  сè додека не налетал на сосед кој случајот го пријавил во полицијата.

Утврдено е дека деветгодишникот земал 2.500 евра заштеда од неговите родители, при што поделил 260 евра.

Полицијата не даде детали како реагирале родителите кога дознале за случката.