Неделен хороскоп (25ти – 31ви март): Топ знаци на неделата – Риби и Шкорпија

Оваа недела планетата Венера го напушта знакот на Водолија и влегува во знакот на Риби. На повидок се големи љубови за сите водени знаци! Некои проблемчиња со љубовта пак, ќе имаат кутрите Девици. А вие, во кој знак сте родени? Откријте со нас што ви предвидуваат ѕвездите за претстојната недела.

Овен – Големи задоволства

Драги Овни, оваа недела конјукцијата на Меркур ќе ви донесе многу убави задоволства пред се на работен план. Ќе успеете да преземете крупни чекори во реализација на вашите значајни проекти. Важни средби и одговори очекувајте во деновите понеделник и среда. Мала нервоза може да почувствувате во четврток кој е за вас најлошиот ден во неделата. Викендот ќе биде во знакот на чувствата!

Бик – Прекрасни вести!
Пред вас е една прекрасна вест! Конечно оваа недела, почнувајќи од вторник, Венера ќе престане да ви става сопки на патот на срцето, па сентименталниот живот ќе тргне во позитивна насока. Кавгите и дискусиите со партнерот кои беа чести во последниов период наеднаш ќе престанат и ќе најдете заедничко решение. Среда, четврток и петок може да очекувате убави работи благодарение на поволната Месечина која ќе ви го врати супер расположението.
Близнаци – Неповолна Венера
За жал, за вас оваа недела, почнувајќи од вторник, нема да биде поволна особено на сентиментален план. Планетата Венера ќе заземе неповолна позиција за вашиот знак носејќи ви бурни расправии со саканите. Внимавајте на особено тешкиот ден вторник, кога и Месечината ќе биде неповолна и ќе ви донесе бројни нервози. Совет од ѕвездите е викендот да го поминете во природа или во релаксација.
Рак -Месечина во опозицијата…
Оваа недела ќе мора да се соочите со три нервозни денови кога Месечината ќе биде во опозиција – среда, четврток и петок. Можно е лошо расположение но не се исклучени и „заговори“ против вас. Најмногу нервоза ќе почувствувате на работното место, ќе се соочите со закочување на проектите или финансиска блокада. За среќа, Венера се враќа да ви се насмевне – почнувајќи од вторник ќе бидат фаворизирани љубовните средби и убави дискусии со партнерот.
Лав – Се враќа спокојството!
Конечно оваа недела може да и кажете чао на опозицијата на Венера! Последниот период на љубовен план за вас не беше воопшто лесен, но сега – веќе почнувајќи од вторник – ќе живеете спокојно и во врските ќе се врати разбирањето. На работен план може да очекувате убави вести или остварување на важен проект на средината на неделата. Внимавајте само на викендот во кој ќе бидете нерасположени или ќе имате пад на енергијата.

Девица – Венера во опозиција…

Драги Девици, за жал, оваа недела доаѓа една лоша вест за вашиот знак – почнувајќи од вторник, планетата Венера влегува во опозиција. Тоа значи дека во следниот период ќе имате проблеми на љубовен план, старите врски ќе поминуваат низ криза, додека младите врски може и да прекинат. На работен план пак, ништо ново до петок, кој е суперсреќен ден.

Вага – Не верувајте им на познаниците

Внимавајте многу на луѓето кои глумат дека ви се пријатели – можеби досега биле на вашата страна, но оваа недела големи се шансите да ви го завртат грбот и да ви создадат неволји. Подобро е да им верувате само на проверените, стари пријатели -не експериментирајте со новите познаници, зашто изгледа дека не ви мислат добро! На работното место пак внимавајте да не бидете „наместени“ од некои колеги особено во среда, четврток и петок.

Шкорпија – Среќна недела

Драги Шкорпии, конечно оваа недела може длабоко да воздивнете! Почнувајќи од вторник, Венера ќе престане да ви создава проблеми на љубовен план и ќе почне да „работи“ за вас! Вашиот сентиментален живот кој во последниов период беше некако закочен, сега ќе почне да расцутува. Сметајте на среќните денови кога и Месечината е суперповолна – среда, четврток и петок, тогаш ќе имате среќа што и да започнете или „фатите“.

Стрелец – Моменти на криза…

Вашата недела ќе започне со два дена навистина прекрасни, понеделник и вторник, кога може да очекувате убави вести благодарение на Месечината. Но од среда, за жал, планетата на љубовта, Венера, ќе ви го заврти грбот – во следните денови може да почувствувате криза во љубовната релација. Внимавајте секогаш да останете во разговор со партнерот, зашто недоразбирањата (особено ако се премолчени) повеќе ќе растат.

Јарец – Среќа во љубовта

Одлични вести за вашиот знак што се однесува до сентименталниот живот. Сепак, на работен план, со лошо поставен Меркур, нема да ви одат работите онака како што сакате. Почнувајќи од вторник може да сметате на поволната Венера која е подготвена да ја зацврсти вашата врска. Четврток и петок пак, се во знакот на една прекрасна Месечина во конјукција која ќе ви донесе супер расположение.

Водолија – Какви убави чувства!

Драги Водолии, почнувајќи од вторник, планетата Венера ќе го напушти вашиот знак за да влезе во знакот на Риби. Но, не плашете се, среќата во љубовта за вас продолжува, особено што во изминатиот период успеавте да изградите сигурна и стабилна врска. За осамените се предвидуваат интересни средби кои ќе го разбудат срцето особено за викендот – сабота и недела, кога прекрасна Месечина ќе го осветли вашиот љубовен пат.

Риби – Добредојде Венера

Подготвени сте за една прекрасна вест? Оваа недела, особено од денот вторник, планетата Венера се враќа во вашиот знак! На повидок се убави вести на сентиментален план – ќе се чувствувате посакани од билокога и ќе сакате со огромна страст! Суперсреќни денови кога и Месечината ќе ви даде силна поддршка се среда, четврток и петок. Малку нервоза ќе почувствувате в понеделник.