КАКО ДА ГО ЗАКЛУЧИТЕ И ЛОЦИРАТЕ ТЕЛЕФОНОТ АКО ВИ ГО УКРАДАТ.

Мобилните телефони се веќе премногу лична работа и не е проблем тоа што ќе не оштетат финансиски кога ќе ни го украдат телефонот, туку тоа што го има во него. Доколку се случи вакво нешто, пријавете го телефонот во најблиската полиција и да го лоцирате. Може и да го заклучите телефонот, при што крадецот нема да може да го користи, за што ќе му треба серискиот број. Ако ја немате кутијата со серискиот број од телефонот, која обично ја имате и на гарантниот лист за телефонот, може да го откриете со внесување на *#06#. Со серискиот број може да се јавите на вашиот оператор, и да му го прочитате 15 цифрениот број, за да ви го блокира телефонот. Така никој нема да може да го користи. Потоа продолжете со лоцирањето на смартфонот за да го најдете и да го вратите.