ПРАЛИНИ СО ВКУС НА ПОРТОКАЛ

Во еден сад соединете ги шеќерот и водата, промешајте да се растопи шеќерот и откога ќе зоврие варете 1 минута. Потоа додадете го маргаринот и тргнете на страна мешајки за да се растопи. Во смесата ставете го брашното и мешајте убаво, вратете на оган и варете додека добиете густина како фил за торта убаво густо. Пред крајот додете ја ренданата кора од пртокал и екстрактот и промешајте убаво. Смесата ставајте ја во калап за пралини или доколку немате ставете ја во силиконски калап, а потоа сечете коцки. Ставете во замрзнувач 30 мин за да се стегне. Во сад ставете го чоколадото и маслото да се растопат. Изладените пралини со чепкалка боцнете ги од долната страна, а потоа потопете ги во чоколадото. Потопувајте ги во чоколадо додека се убаво изладени бидејки покасно омекнува смесата, не е кашава мегутоа многу полесно се ставаат во чоколадото додека се убаво изладени. Пралините се многу вкусни дури и поубави од купечките. На здравје !!!

Прочитај повеќе: https://moirecepti.mk/post/%d0%bf%d1%80%d0%b0%d0%bb%d0%b8%d0%bd%d0%b8-%d1%81%d0%be-%d0%b2%d0%ba%d1%83%d1%81-%d0%bd%d0%b0-%d0%bf%d0%be%d1%80%d1%82%d0%be%d0%ba%d0%b0%d0%bb