Знаци дека вашето дете има висока интелигенција!
Секој родител мисли дека неговото дете е генијалец. Но, се чини дека постои начин на кој родителите може да се осигураат во ова уште на рана возраст. Научниците откриле неколку начини на кои може да се препознае интелигенцијата кај детето уште од мали нозе.
Новороденчиња Интелигентните деца се потешки. Колку е поголема тежината, толку е повисока интелигенцијата на детето, кога станува збор за новороденчињата. Ова го покажува истражување спроведено на над 3.000 бебиња. 12-24 месеци Дали детето слуша повеќе јазици? Можете да му се обраќате на детето на различни јазици? Еден начин за поттикнување на брзиот мозочен развој кај малото дете е зборувањето на различни јазици, покажува извештај од „Child development“. Децата кои се родени со родители кои зборуваат повеќе од еден јазик имаат повисоки коефициенти на интелигенција.
3 години Повисоки се од останатите деца. Високите деца почесто добиваат високи резултати на тестовите, покажува истражување од Австралија.
4 години Уметничките души кои може да нацртаат реалистична слика од човек на оваа возраст покажуваат подобри резултати на тестовите за интелигенција во тинејџерските денови. Истражување на 15.000 слики нацртани од деца на оваа возраст го открило ова.
5 години Малите лаги може да бидат добри, барем во поглед на интелигенцијата. Истражувачите откриле дека децата кои лажат на рана возраст се поинтелигентни подоцна во животот.
6 години Свирењето музички инструмент помага во поттикнувањето на емоционалната интелигенција на детето на оваа возраст. Истражувачите на Универзитетот во Вермонт работеле со 232 здрави деца на возраст од 6 до 18 години и откриле дека децата кои свиреле на инструменти биле подобри во соочување со анксиозноста и чувствата.
7 години Читањето на рана возраст може да биде показател за високата интелигенција во подоцнежните години, откриваат научниците. Оние деца кои читале подобро и повеќе на возраст од 7 години даваат подобри резултати на тестовите за коефициент на интелигенција како тинејџери.
8 години Дали детето на оваа возраст сака да седи будно до подоцна? Истражување од Лондонскиот факултет за економија покажува дека поинтелигентните возрасни почесто останувале будни до доцна како деца.
9 години Доколку вашето дете јаде здрав појадок на оваа возраст, неговите шанси за постигнување подобри резултати за коефициентот на интелигенција подоцна се двојно поголеми. Најмногу се препорачуваат житарките и млечните производи.
10 години На возраст од 10 години, интелигентните деца сакаат да зборуваат, да создаваат нови правила за игри и да се дружат со други деца.