КОЛКУ Е ГЛЕДАН ВАШИОТ ПРОФИЛ НА ИНСТАГРАМ!

„Инстаграм“ развива опција која ќе им покажува на корисниците колку пати во последните 7 дена бил посетен нивниот профил.

Информацијата ќе се појави на врвот на профилот, а ќе биде толку уочлива што нема да може да се заобиколи. Сепак, иако ќе се покажува колку пати е гледан профилот, нема да се открива кој бил посетителот.

Оваа нова функција ја забележал Мет Навара. Тој на „Твитер“ објавил скриншот од „Инстаграм“ каде што покажува на кој начин корисниците што имаат пристап до оваа опција ќе бидат известени за бројот на прегледи на нивниот профил.

На врвот на неговиот екран пишувало „133 посети во последните 7 дена“.

Со оглед на тоа дека оваа функција е уште во развој, не се појавува на секој профил од корисниците.