Франција од утре ја ограничува продажбата на парацетамол, соопштија властите. За да се избегне „бескорисно складирање“, од утре, продажбата на парацетамол во Франција ќе биде ограничена на една кутија по лице без симптоми односно – две при треска или болки и ќе биде забранета преку интернет.
Светската здравствена организација (СЗО) ги повика луѓето кои се сомневаат дека се заразени со новиот коронавирус да не земаат ибупрофен без да се консултираат со лекар.