МИНИСТЕРКАТА ЗА ФИНАНСИИ СЕ ОТКАЖУВА ОД МИНИСТЕРСКАТА ПЛАТА ДОДЕКА ТРААТ ВЛАДИНИТЕ МЕРКИ.

Министерството за финансии донесе неколку мерки со кои ќе им помогне на компаниите кои први ја почувствуваа кризата да се справат со проблемите, рече на денешната прес-конференција министерката за финансии Нина Ангеловска.

Мерка со која се откажуваме од аконтативното плаќање на ДДВ во траење од три месеци со остварување на одредени услови од страна на бизнисите. Со тоа ја заштитуваме нивната ликвиднист, тоа значи дека се откажуваме од таа претплата на ДДВ – рече Ангеловска.

Втората мерка е законско намалување на затезната камата.

– Затезната камата се намалува од 10 на 5 проценти за правно правно лице и од 8 на 4 за физичко лице. Значи ја намалуваме за 50 отсто – рече Ангеловска.

Казнената камата се намалува на 0,15 отсто.

Провизијата за фискалните каси се намалува за 50 отсто. На банките им препорачуваме да ја намалат провизијата за плаќање – рече Ангеловска.