Во обид да се спротивстави на вирусот, за кој тој првично тврдеше дека не претставува голема закана, Трамп рече дека ќе го активира Законот за одбранбено производств, кој и овозможува на владата да го забрза производството на маски, респиратори, вентилатори и друга основна опрема, пренесува Гласот на Америка.
„Ние ќе го победиме овој невидлив непријател“, рече Трамп, истакнувајќи дека кризата што ја зафати земјата практично го направила „претседател во време на војна“.
Трамп исто така најави дека ќе активира друг закон, кој ќе им овозможи на американските власти да ги вратат мигрантите кои се обидуваат илегално да ја преминат јужната граница на САД, додавајќи дека границата нема да биде затворена.
Според него, еден болнички брод ќе биде испратен во тешко погодениот Њујорк за да им помогне на луѓето што се изложени на ризик од оваа зараза и дека друг ваков брод ќе биде испратен на Западниот брег на САД. Трамп го бранеше својот став дека коронавирусот е „кинески вирус“, иако некои Американци се загрижени дека станува збор за навреда од етничка основа.
– Тоа не е расистички, воопшто. Вирусот потекнува од Кина, рече Трамп.