Имунитетот е способност на организмот да дава отпор на болести со идентификација и уништување на туѓи супстанци или организми. Затоа е од големо значење тој да биде „на висина на задачата“, односно, да не е ослабнат, особено во услови на дивеењето на коронавирусот.
Некои симптоми јасно ќе ви дадат до знаење дека имунитетот ви е намален и дека треба да се погрижите за негово зајакнување.
Ова се некои од симптомите на кои треба да обрнете внимание:
Појава на алергии
Алергените се супстанции што го напаѓаат вашиот организам. На некои од нив може да сте поосетливи, а на некои помалку, но способноста на телото да се избори со алергените дефинитивно зависи од тоа дали вашиот имунитет е намален или не.
Во голем број од случаите алергиските реакции се успешно ублажени или излечени со јакнење на имунолошкиот систем.
Постојан замор
Хроничниот замор е знак за намален имунитет. Нормално е да се заморите од напорна работа, вежбање или слична состојба за која заморот е карактеристичен. Но доколку сте постојано истоштени, лесно се задишувате и мали промени влијаат на вашата енергија и расположение, станува збор за намален имунитет.