Најголемата интернет платформа „Јутјуб“ (YouTube) ќе го намали квалитетот на видеата пред се кон земјите на Европската унија и Велика Британија за да избегне застој во интернет сообраќајот, заради фактот што стотици илјади луѓе работат од дома.
Овие мерки, коишто ги презема видео-платформата на Google, ќе бидат на сила во ЕУ и Велика Британија во наредните 30 дена, по што ќе се анализираат нејзините ефекти.
Намалување на квалитетот на видео содржините за 25 отсто најави и популарната услуга за стриминг „Нетфликс“ (Netflix).