Куче во Хонг Конг е заразено со новиот коронавирус. Кај кучето е регистрирано „ниско ниво“ на вирусот, соопштија властите. Се работи за куче кое е домашно милениче, соопшти градското Одделение за земјоделие и рибарство.
Ќе бидат извршени дополнителни анализи за да се утврди дали кучето е заразено или само преносител преку устата и муцката. Кучето е во карантин за животни.