Џули починала вчера во Париз и е една од 1696 жртви на коронавирус во Франција.
Нејзината мајка изјави за АФП дека Џули имала блага кашлица пред една недела, а исто така имала потешкотии со дишењето во саботата.
Таа била примена во болница каде биле извршени повеќекратни тестови за коронавирус, кои покажале дека е позитивна. Нејзината состојба драматично се влошила за само неколку дена и таа вчера почина.
Џули живеела во Лонгжуму, град јужно од Париз. Нејзината сестра ги предупреди сите преку медиумите дека вирусот не е опасен само за постарите и болните.
„Од почетокот ни беше кажано дека вирусот не влијае многу врз младите. Ние верувавме во тоа, како и сите други“, изјави нејзината мајка за АФП.
Џули немала здравствени проблеми и не страдала од хронични заболувања.