Google ќе го следи движењето на луѓето за да им помогне на научниците во борбата со корона вирусот

Google јавно ќе го следи движењето на луѓето во текот на пандемијата со корона вирусот. Од компанијата изјавија дека се надеваат дека информациите ќе им користат на надлежните во здравството и на другите инситутции за да се избориме со пандемијата.

Компанијата ќе објавува детали за различни места на кои одат луѓето од 130 земји во светот. Планот е секојдневно да се ажурираат податоците за активностуте стари два-три дена. Од компанијата ветија дека приватноста на поединците ќе остане безбедна. Објавените податоци ќе се базираат на информации собрани преку апликацијата Google Maps или некои други услуги.

Google обаа опција вообичаено ја користеше за да открие коха одредени музеи или други места се најфреквентни, но и за на возачите да им помогне да ја избегнат гужвата во сообраќајот. Во овој случај податоците ќе поикажуваат колку се фреквентни следните места во однос на времето пред воведување на полицискиот час: малопродажни објекти, продавници за прехранебна стока и аптеки, паркови, автобуски и железнички станици, деловни згради и станбени блокови.

Овој новитет следува откако шевицата на ЕУ за правосудство Јера Јоурова ги повика технолошките гиганти да споделуваат што повеќе информации со научниците кои се борат против вирусот.