Според најновите податоци, во светот досега се регистрирани 1,205,801 заразени со новиот коронавирус.
Од нив починати се 64,973 луѓе , а оздравеле 247,954 луѓе.
Најголем број заразени лица има во САД- 311,637 , по што следуваат Шпанија со 126,168 , Италија со 124,632 , Германија со 96,092 и Франција со 89,953 заболени.
Најголем број на смртни случаи како резултат на коронавирусот има во Италија, 15,362 , потоа во Шпанија 11,947 , во САД 8,454 смртни случаи и Франција 7,560 починати од COVID19.