Роботот наречен “Spot” ќе патролира низ парковите и природните резервати со кои управува Одборот на национални паркови и во парковите со кои управува градскиот совет. Тој ќе емитува снимена порака која ќе ги потсетува минувачите да бидат внимателни.
Тамошната влада вчера ја најавила работата на роботот на компанијата “Boston Dynamics” кој ќе патролира низ паркот Бишан-Анг Мо Кои за да ги потсетува луѓето да се држат на безбедна оддалеченост едни од други.
“Spot” е опремен и со камери со цел да помогне во проценката на бројот на посетители во парковите. На интернет веќе се појавија некои снимки од роботот за време на патролата, а многумина ги нарекоа “дистописки”.
“Едно од најморничавите и најдистописки нешта кои сум ги видел откако започна пандемијата”, е само една од реакциите на социјалните мрежи.