Крајниот збор го има Комисијата за заразни болести. Ние веќе дадовме наши сугестии и забелешки, рече Бектеши под чие министесртво се дејностите угостителство и туризам.

Крешник Бектеши, министерот за економија, на денешната прес-конференција рече дека неговиот став и ставот на ресорот е дека угостителите веќе до сега требало да проработат.

– Мојот став е кажан во Главниот координативен штаб, ние како министерство побаравме да бидат отворени угостителите, но пред се мораме да ги почитуваме сите препораки. Ние имавме наш предлог, но крајниот збор го има Комисијата за заразни болести. Ние веќе дадовме наши сугестии и забелешки, рече Бектеши под чие министесртво се дејностите угостителство и туризам.

АРХИВА 2019

Комисијата за заразни болести на вчерашниот состанок не дефинираше нови мерки, единствено разговараше за можно отворање на кафулињата. Оттаму велат дека кафулињата, кафеаните и рестораните најверојатно ќе бидат отворени во петок, најдоцна во сабота, но напоменаа дека утре дефинитивно ќе се знае. Истовремено велат дека полицискиот час до 19.00 за сега останува на сила.