Дали ви се верува дека еден хотдог сендвич во Давос, Швајцарија, чини колку неверојатни 15 килограми виршли во Македонија?
Присутните на годишната средба на Светскиот економски форум во Давос, меѓу кои глобални лидери, политичари, бизнис гуруа и по некоја и друга музичка ѕвезда, дефинитивно не страдаат од недостаток на пари, пренесува сајтот biznisvesti.mk
Steigenberger Grandhotel Belvédère, каде што се одржуваат доста состаноци, дури и најпознатите скромни нешта од менито можат да бидат со астрономски цени.
Како што пишуваат на biznisvesti.mk, хотдогот со кисели краставички, пржен кромид и сенф, на пример, чини 38 швајцарски франци, што според денешен курс е еквивалентно на околу 2300 денари.
За таа сума во Охрид можеме да купиме повеќе од 16 кг. виршли ако земеме просек од 150 денари по килограм (цената е различна од 100 – 200 денари за килограм).
Салатата Цезар со пилешко и пармезан е на цена од 48 франци (околу 2900 денари), а пивото во локален ресторан може да чини 6.50 швајцарски франци.