Со 73 гласа за , 4 против и 34 воздржани , Бугарското собрание го присвои 24-ти мај – Денот на сесловенските просветители Кирил и Методиј. Отсега официјална Софија ќе го слави како Ден на бугарската писменост, со главен аргумент дека Кирилицата е бугарска творба.
За нас тој празник е најважен во моментов. Не случајно 30 години по усвојувањето на бугарскиот устав се води дебата дали национален празник на Бугарија е 3 март или 24 мај .Тој ден е празнуван како празник на бугарската писменост . Ги подржуваме патриотите дека тој празник изникнал од Бугарија. Изјави пратеникот Тома Биков од партијата ГЕРБ на Бојко Борисов.