Категорија Охрид

Пецаков : Започнати се зафати за изградба на трибина

Денеска извршив обиколка на активностите кои се одвиваат во СРЦ „Билјанини извори“ на теренот со вештачка трева. Таму започнати се зафати за изградба на трибина со капацитет од околу 150 седишта. Трибината ќе биде изградена од челична конструкција на која…

ЗАВРШЕН НАСТАН ОД ПРОЕКТОТ SEEDS ИМПЛЕМЕНТИРАН ОД ОПШТИНА ОХРИД И НП „ГАЛИЧИЦА“

Вклучување на учениците во еколошко освестување и насочување, а со цел заштита и реставрација на клучните видови растенија како и негување на траен однос помеѓу заедницата и нејзината околина е главната цел на проектот SEEDS (семиња) кој го имплементираше тимот…

Пецаков: Започна завршната фаза од реконструкцијата на улицата 7ми Ноември

Започна завршната фаза од реконструкцијата на улицата 7. Ноември. Таму започнаа активности за гребење на постоечкиот асфалт, по што следуваат подготовките за асфалтирање. Претходно на оваа улица се постави нова канализациона мрежа, се реконструираа тротоарските површини и велосипедски патеки и…

ПРАЗНИЧНА ЧЕСТИТКА ОД ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ПЕЦАКОВ ЗА ГРАЃАНИТЕ ОД ИСЛАМСКА ВЕРОИСПОД

Во пресрет на големиот верски празник Рамазан Бајрам, градоначалникот Кирил Пецаков. упати  честитка до граѓаните на Охрид со исламска вероисповед. – Ви  посакувам овој голем  празник  да го поминете во добро здравје, радост, среќа и хармонија, споделувајќи љубов со ближните. Преку  меѓусебното …

УРЕДУВАЊЕ НА ГРАДСКИТЕ ГРОБИШТА ВО ПРЕСРЕТ НА ВЕРСКИОТ ПРАЗНИК „РАМАЗАН БАЈРАМ“

Екипите на ЈП „Градски гробишта“ деновиве спроведоа активности за уредување и чистење на градските гробишта во пресрет на верскиот празник „Рамазан Бајрам“. Беше извршено хортикултурно оплеменување на просторот, чистење на патеките, засадување на цвеќе и уредување на тревните површини низ…

ОДБЕЛЕЖАНА 25 ГОДИШНИНА ОД ЗАГИНУВАЊЕТО НА МАКЕДОНСКИОТ БРАНИТЕЛ БЛАГОЈЧЕ КРСТАНОСКИ

По повод 25 годишнината од загинувањето на македонскиот бранител Благојче Крстаноски, делегација на Општина Охрид, предводена од заменик градоначалникот Перчо Божиновски, денеска положи свежо цвеќе на неговото спомен обележје во селото Ливоишта. Благојче Крстаноски бил македонски бранител и професионален војник во АРМ.…

СВЕЖО ЦВЕЌЕ ВО ЧЕСТ НА МЕТОДИ ПАТЧЕВ

По повод годишнината од смртта на Методи Патчев, делегација на Општина Охрид, предводена од заменик градоначалникот Перчо Божиновски,  денеска положи свежо цвеќе на спомен обележјето на охридскиот револуционер во градскиот парк. Свежо цвеќе положија и членови од фамилијата Патчев, претставници од  Општинското основно…

Пецаков: Во тек се активности за изградба на голем капитален и значаен проект за учениците и жителите од Лескоец, а тоа е спортска сала

Во рамки на основното училиште Ванчо Николески во Лескоец во тек се активности за изградба на голем капитален и значаен проект за учениците и жителите од Лескоец, а тоа е спортска сала. Денеска, извршив увид на текот на градежните активности,…

Пецаков : Се асфалтира во село Рача – Подеднакво се грижиме за секој дел од територијата на Општина Охрид

Кирил Пецаков : Продолжуваме со реализација на програмата за асфалтирање на улици и патишта во руралните средини. Денеска се асфалтира во село Рача. Подеднакво се грижиме за секој дел од територијата на Општина Охрид.  

Лицата кои наполниле 18 години и немаат личен документ ќе се фотографираат без термин

Министерството за внатрешни работи во сабота (06.04.2024) во периодот до 08:00 до 15:00 часот ќе организира фотографирање за лични документи без закажан термин во подрачните канцеларии за управни работи низ државата за граѓаните кои наполниле 18 години, а немаат никаков…