НОВОГОДИШНА СРЕДБА СО СОЦИЈАЛНО ЗАГРОЗЕНИТЕ СЕМЕЈСТВА
Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески присуствуваше на новогодишниот ручек што општина Охрид го организира за 150 социјално најзагрозени лица,а во соработка со Црвен Крст и Средното угостителско училиште „Ванчо Питошески“. Градоначалникот на присутните им посака добро здравје, среќа и бериќет…