Од денеска во Бугарија почнува вакцинацијата на децата на возраст од 5 до 11 години против Ковид-19. Вакцинацијата ќе се извршува на 69 од пунктовите во државата, изјави главниот државен здравствен инспектор на Бугарија, Ангел Кунчев.
Вакцинираните деца ќе добијат и зелен дигитален сертификат.
За да се вакцинира детето доволно е присуството на еден од родителите , не треба согласност од двајцата родители.