Прославата на раѓањето на Гоце Делчев во Бугарија е во Благоевград, град кој е поврзан со велиакнот бидејќи неговото семејство е погребано таму. Лидерот на ВМРО, Красимир Каракачанов побара преговорите меѓу двете земји да се прекинат на две години, а коските на јунакот да се вратат в Бугарија.
-Преговорите за членство на Македонија во ЕУ треба да се прекинат на 2 години, се додека од Скопје сакаат на толку време да се блокира историската комисија! А ако официјалните лица во Скопје не го почитуваат споменот на Гоце Делчев, нека му ги вратат коските во Домот на македонските Бугари во Софија! Бугарија го сака војводата и соодветно ќе го почитува!, изјави Каракачанов.
Необјаснив исклучок е тоа што Кирил Петков не се поклонил на гробот на Гоце Делчев. Ова од собраниската говорница го порача Петар Николов од ГЕРБ – УДФ во декларација во име на група, јави репортерот на БГНЕС.
Денеска Бугарија и сите Бугари ширум светот слават важна годишнина. Годишнината од раѓањето на големиот политички водач, револуционер и борец за слобода на Бугарите од Македонија и Одринска Тракија Гоце Делчев. Георги Делчев е роден на 23 јануари по стар стил, или на 4 февруари во нов. Првично учел во бугарското униатско основно училиште, а потоа во бугарската егзархиска гимназија во родниот град. По дипломирањето го продолжил образованието во Солунската гимназија. Во 1891 година Делчев го прифатил бугарското државјанство и бил примен за питомец во Военото училиште „Неговото височество“ во Софија“, додаде Николов.
Од друга страна, критики кон премиерот Кирил Петков упаија од партијата на Бојко Борисов, ГЕРБ, кои му забележаа дека не бил на гробот на Делчев.
-Необјаснив исклучок е тоа што Кирил Петков не се поклони на гробот на Гоце Делчев. Денеска Бугарија и сите Бугари ширум светот слават важна годишнина. Годишнината од раѓањето на големиот политички водач, револуционер и борец за слобода на Бугарите од Македонија и Одринска Тракија Гоце Делчев. Бидејќи гробот на Гоце Делчев е во Скопје, тој мора да го види секоја бугарска делегација. Единствениот необјаснив исклучок го направи актуелниот премиер Кирил Петков, порача од собраниската говорница Петар Николов од ГЕРБ- УДФ.