Познатиот македонски водител и пејач, Драган Вучиќ почина денеска на 65 годишна возраст.

Веста за неговата смрт ја потврдил синот, Мартин Вучиќ за „Убавина и здравје“. Се уште не се познати дополнителни детали поврзани со причините за смртта. Редакцијата на Охрид Вест изразува сочуство до семејството.






